Достапни линкови

Путин на средба со Трамп на маргините на самитот на Г20


Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 7 јули во Хамбург, Германија на маргините на самитот на Г20. Тоа ќе биде нивната прва средба откако Трамп ја презема функцијата по победата на претседателските избори во минатата година, при што американските разузнавачи ја обвинија Москва дека се обидела да влијае на гласањето преку хакериски напади и спроведување на пропаганда. Кремљ ги негираше обвинувањата.

XS
SM
MD
LG