Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави денеска дека безбедносните сили очекуваат околу 8000 насилни демонстранти да излезат на улиците во Хамбург за време на самитот на Г20 чиј домаќин е канцеларката Ангела Меркел. Според него, околу 20 илјади полицајци ќе бидат ангажирани на самитот кој ќе се одржи на 7 и 8 јули. Мезиер посочи и дека полицијата е подготвена да се справи и да воспостави контрола врз антикапиталистичките демонстранти.