Достапни линкови

Трамп ќе бара европските сојузници да купуваат гас од САД


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги охрабри источно европските лидери кои се загрижени поради нивната зависност од руски гас да размислат за нови можности за снабдување од САД. Ова го изјави претставник на Белата куќа во врска со посетата на претседателот Трамп на Полска на 6 овој месец. Пред извесно време за прв пат САД почнаа да извезуваат течен гас за Полска. Трамп смета дек тоа би можело да биде интензивирано со цел европските сојузници да ја намалат зависноста од руски гас.

XS
SM
MD
LG