Достапни линкови

Турција ја осуди Грција за пукањето врз турски брод


Егејско море, илустрација

Турција ја осуди Грција откако грчка крајбрежна стража пукала врз еден турски трговски брод кај Родос на Егејско море откако капетанот на тој брод одбил да дозволи инспекција. Капетанот изјави дека врз неговиот брод било пукано неколку пати. „Нема оправдување за напад врз невооружен трговски брод кој пренесувал стока меѓу две две турски пристаништа“, се наведува во соопштението на турското министерство за надворешни работи. Грчката крајбрежна стража соопшти дека добила анонимен повик оти бродот кој бил во грчки територијални води пренесувал дрога.

XS
SM
MD
LG