Достапни линкови

Северна Кореа лансира уште една балистичка ракета


илустрација

Северна Кореа денеска лансирала уште една балистичка ракета која минала над 600 милји пред да падне во Јапонско море, соопшти јужнокорејската војска. Јапонија остро реагираше, оценувајќи дека станува збор за јасна провокација на резолуциите на Обединетите нации. Ракетата била лансирана од воздухопловна база северозападно од Пјонгјанг. Таа, според американски претставници, била со среден, а не со долг дострел. Деновиве американскиот претседател Доналд Трамп најави „решителен одговор на заканите на бруталниот режим во Северна Кореа“.

XS
SM
MD
LG