Достапни линкови

Сириската армија прогласи едностран прекин на огнот на југот на земјата


Бомбардирање на градот Дараа во јужна Сирија, кој е под контрола на бунтовниците на 22 јуни 2017

Сириската армија прогласи едностран прекин на огнот на југот на земјата, поради, како што соопшти, обидот да ги поддржи „напорите за помирување“. Објавата доаѓа на еден ден пред новите мировни разговори кои треба да се одржат во главниот град на Казахстан, Астана. Прекинот на огнот ќе трае до 6 јули на полноќ и не се очекува да ги вклучува и операциите против Исламската држава.

Турција, Русија и Иран посредуваат во мировните разговори. Русија и Иран го поддржуваат режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, додека САД и Турција поддржуваат различни бунтовнички фракции.

XS
SM
MD
LG