Достапни линкови

Охриѓани вознемирени од земјотресот, пријавени и оштетувања


Охрид

Земјотресот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала што попладнево во 13:18 часот го потресе охридскиот регион, ги вознемири охриѓани и туристите во градот, кои излегоа пред своите домови и објектите каде што престојуваат.

На некои објекти забележани се помали оштетувања и напукнувања, а жителите на Охрид и околните места се жалат на мирис на сулфур.

Според Надица Вчкова од Дирекцијата за заштита и спасување до 15 часот на бесплатниот телефонски број 195 на Регионалниот центар за управување со кризи имало само пет-шест пријави и тоа за напукнати тавани, паднати или оштетени оџаци, автомобили и паднати дрвја.

Епицентарот на земјотресот бил 10 километри источно од Охрид, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Со помали интензитети, земјотресот е почувствуван на цела територија на Република Македнија и околните земји.

Четириесетина минути по овој е регистриран уште еден потрес со магнитуда од 3 степени според Рихтер.

Два земјотреса беа почувствувани и рано изутрината во охридското епицентрално подрачје. Епицентрите и на овие земјотреси биле на 10 километри источно од Охрид.

XS
SM
MD
LG