Достапни линкови

Опозициски протести во Белорусија


Опозицискиот лидер Микалај Статкевич им се обраќа на демонстрантите на денешните протести во Минск.

Опозициски активисти денеска излегоа на протести во Минск додека се славеше Денот на независноста на земјата. Околу 150 луѓе излегоа на улиците низ главниот град во знак на протест против власта на претседателот Александар Лукашенко и против воените вежби кои Белорусија треба заедно со Русија да ги спроведе во септември.

Протестите, кои беа организирани од опозицискиот лидер Микалај Статкевич завршија без инцидент и нема извештаи за притворени лица. Статкевич, кој се кандидираше на изборите во 2010 против Лукашенко, беше уапсен на масовните протести по резултатите од гласањето и помина 5 години во затвор.

XS
SM
MD
LG