Достапни линкови

Кралот на Саудиска Арабија нема да присуствува на самитот на Г20


Кралот на Саудиска Арабија, Саман бин Абдулазиз

Германските власти соопштија дека кралот на Саудиска Арабија, Саман бин Абдулазиз нема да присуствува на самитот на Г20 во Хамбург, кој се одржува на 7 и 8 јули. Не се знае причината зошто 81 годишниот крал го откажал присуството на самитот.

Според дипломатски извори од Саудиска Арабија, одлуката на кралот била поврзана со спорот со Катар. Во минатиот месец Саудиска Арабија, заедно со Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет ги прекинаа врските со Катар, обвинувајќи дека земјата поддржувала тероризам.

XS
SM
MD
LG