Достапни линкови

Вучиќ и Тачи со договор за нова фаза во дијалогот


Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи на денешната неформална средба во Брисел со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, се договориле да работат на отпочнување нова фаза во дијалогот меѓу двете земји посветен на нормализација на односите и помирување.

Двајцата лидери, според соопштението се договориле и за имплементација на веќе постигнатите договори. Вучиќ изјави дека под тоа се подразбира и формирање на Заедница на српски општини. Могерини ја потврдила посветеноста на ЕУ на европската перспектива на Србија и на Косово и на останатите земји од западен Балкан.

XS
SM
MD
LG