Достапни линкови

Ангажирање на АРМ во две големи воени вежби на НАТО


АРМ

Припадниците на АРМ овој и наредниот месец ќе бидат дел од две големи вежби со земји членки на НАТО Алијансата, од кои едната „Saber Guardian 2017” се одржува во Романија, Унгарија и Бугарија, додека другата Dragon Gardian ќе се одржи на армискиот полигон Криволак во Македонија.

Вежбата „Saber Guardian 2017” се одржува од 23 јуни до 26 јули а Македонија учествува со 71 припадника распоредени во Ромaнија и Унгарија. Вежабата вклучува над 25 000 припадници нa вооружените сили од над 20 земји на НАТО е организирана и предводена од Армијатa нa САД во Европа. Целта на вежбата „Saber Guardian” е да се покаже подготвеноста на припадниците на земјите учеснички за одговор на едно поголемо сценарио кое вклучува компјутерски подржани вежби , теренска обука и вежби со боево гаѓање

По завршувањето на оваа вежба припадниците на АРМ и на Европската команда на вооружените сили на САД ќе ја реализираат вежбата „Dragoon Guardian” која се одржува на најголемиот армиски полигон во Македонија Криволак.

На вежбата ќе учествуваат 95 припадници на АРМ од инжинерскиот баталјон и 300 припадници на вооружените сили на САД кои во Македонија ќе влезат нa 28 јули со над 100 моторни возила.

Со реализација на оваа исклучително голема заедника вежба се зајакнува билтералната соработка помеѓу Македонија и нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави и се подобрува интероперабилноста со САД а со тоа и со НАТО.

XS
SM
MD
LG