Достапни линкови

Одложено судењето за „Тврдина 2“, Шврговски ќе се запознава со случајот


Горан Грујевски по денешното судење за „Тврдина 2“.

Денешното рочиште за случајот на СЈО, „Тврдина 2“ е одложено за 26 септември поради смена на адвокатот на одбраната. Случајот од Никола Додевски го презема адвокатот Љупчо Шврговски кој пред судот изјави дека му е потребно вереме за да се запознае со обвинението.

На денешното судење се појавија и двајца сведоци. Обвинетите во случајот, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и пет службенички претходно се изјаснија како невини. Тие се товарат за уништување на документација поврзана со скандалот со прислушувањето.

XS
SM
MD
LG