Достапни линкови

Нимиц не очекува драматични промени во спорот со името


Преговарачот на ОН во спорот со името, Метју Нимиц .

Преговарачот на ОН во спорот со името Метју Нимиц, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров и премиерот Зоран Заев изјави дека верува оти по три години од неговата последна посета на Македонија, спорот со името добива ново внимание, кој, како што истакна, е важно прашање и за регионот и за ОН, како и за земјата. Тој оцени дека остварил важни средби со Заев и Димитров кои покажале сериозен интерес и решителност да се занимаваат со ова прашање.

На прашањето дали очекува напредок во однос на црвените линии на Грција, тој посочи дека очекува напредок од двете страни кои, според него, мора сериозно да размислат за нивните позиции и внимателно меѓусебно да се слушаат. Тој додаде дека не разговарале за конкретни нови концепти на името и оти не дошол со нов предлог, туку дека разговарале за процесот и за интензивирање на односите меѓу двата соседа. Генералната позиција на Владата, како што рече, е да биде отворена кон соседите и регионот.

„Мислам дека мора да се најдат начини за интензивирање на процесот. Во наредните месеци не треба да очекуваме драматични промени. Мислам дека не е вистинско време за конкретни предлози. Одреден период им треба на двете страни за да разговараат меѓу себе. Имаме нова влада овде и нов контекст во регионот, мислам дека работите ќе одат напред, но не гледам драматични настани во наредните месеци“, изјави Нимиц.

Тој посочи дека планира да отпатува за Грција, но не знае конкретно кога.

XS
SM
MD
LG