Достапни линкови

Трамп разговарал со лидерите на Кина и Јапонија за Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп.

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп телефонски разговарал со лидерите на Јапонија и на Кина при што ја реафирмирале нивната посветеност за справување со нуклеарната програма на Северна Кореја. За време на разговорот со кинескиот претседател Кси Џинпинг, Трамп го покренал прашањето за зголемената закана од ракетната програма на Северна Кореја.

Додека јапонскиот премиер Шинзо Абе ја истакнал важноста од потребата за побалансирани трговски односи со партнерите од САД. Според соопштението, Трамп и лидерите на Јапонија и Кина изразиле надеж дека ќе остварат средба на маргините на самитот на Г20 во Хамбург, Германија.

XS
SM
MD
LG