Достапни линкови

Медиумски организации го критикуваат Трамп за видео на Твитер


Од видеото на Твитерот на американскиот претседател Доналд Трамп на кое се гледа како тој удира човек со лого на телевизиската мрежа Си Ен Ен

Медиумски организации го критикуваа најновото видео што го објави на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп а во кое се гледа како тој удира човек со лого на телевизиската мрежа Си Ен Ен. Директорот на Комитетот на репортерите за слобода на печатот Брус Браун го осуди видеото како закана со физичко насилство за новинарите. Тој додаде дека ваквиот твит е под нивото на канцеларијата на претседателот. Од Белата куќа пак изјавија дека Твитер пораката не треба да се сфати како закана за медиумите.

XS
SM
MD
LG