Достапни линкови

Продолжен рокот на барањата до Катар


Доха, Катар

Саудиска Арабија и нејзините арапски сојзници се согласија да го продолжат за 48 часа рокот до кога Катар треба да ги исполни 13 барања од ултиматумот поставен до таа земја. До ова дошло откако емирот на Кувајт кој е посредник меѓу двете страни, побарал продолжување на рокот со цел да се изнајде решение за спорот меѓу Катар и Саудиска Арабија со нејзините сојузници, меѓу кои , Египет, Бахреин и Обединетите арапски емирати. Тие ги прекинаа дипломатските односи со Катар и воведоа забрана за патувања, обвинувајќи го Катар за поддршка на тероризмот и за блиски врски со Иран.

XS
SM
MD
LG