Достапни линкови

Во Скопје средба на премиерот Заев со посредникот Нимиц


Средба на претседателот Ѓорге Иванов со медијаторот Метју Нимиц

Специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц во рамките на неговата посета на земјата денеска во Скопје ќе има средба со премиерот Зоран Заев. Нимиц вчера се сретна со претседателот на Македонија Ѓорге Иванов. Во соопштението од Кабинетот на Иванов се наведува дека Иванов на Нимиц му нагласил дека во процесот на преговори мора да се почитува меѓународното право. „Неопходно е стриктно придржување до резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Мора да се почитува меѓународното право и да се има доследност кон меѓународно преземените обврски“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG