Достапни линкови

Иванов ќе се сретне со Нимиц


Архивска фотографија - Нимиц се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, јули 2014.

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во 17 часот ќе го прими амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, информираат од претседателскиот Кабинет.

Нимиц е во Скопје на покана на македонската влада за да разговораат за можностите за решавање на спорот за името. Тој пред да пристигне во Скопје во интервјуто за емисијата „360 степени“ на телевизија АлсатМ, рече дека во Скопје има нова влада, со нови идеи за ова прашање и тој се надева дека се враќа вниманието врз овој многу важен проблем. Тој, како што вели, овојпат не носи нов предлог за решение на спорот околу името.

XS
SM
MD
LG