Достапни линкови

Разговори за мигрантската криза во Италија


Мигрант во Средоземното Море.

Министрите за внатрешни работи на Франција, Германија и Италија денеска во Париз ќе разговараат за тоа како да и помогнат на Италија да се справи со сè поголемиот број мигранти, кои пристигнуваат на нејзина територија. Италија претходно се закани дека ќе ги затвори своите пристаништа и дека ќе ги укотви бродовите за спасување, по што ОН апелираа за поголема помош за Италија.

Висок комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, вчера рече дека она што се случува во Италија е трагедија. Тој апелираше меѓународната заедница да стори повеќе и да и помогне на Италија да се соочи со големиот број мигранти.

Според податоците на ОН, околу 77 илјади мигранти пристигнале во Италија од почетокот на годината, што е за 15 отсто повеќе во однос на истиот период претходната година, а околу 1.800 загинале во обидот да го преминат Медитеранот.

XS
SM
MD
LG