Достапни линкови

Земјотрес од 3,9 степени по Рихтер во охридско


Macedonia - Seizmogram earthquake in Ohrid, 21 October 2014

Во Охрид и околните населби претпладне во 11:39 часот е регистриран земјотрес, кој, според првичните информации, бил со магнитуда од 3,9 степени по Рихеровата скала, со епицентар седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри во земјината кора.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета, освен вознемиреноста на граѓаните кои излегоа пред своите домови стравувајќи од последователни потреси.

Претходно, во 9:58 минути во охридското епицентрално подрачје беше регистриран земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала..

Од 18. минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси.

XS
SM
MD
LG