Достапни линкови

Нимиц на средби со македонскиот државен врв


Архивска фотграфија - Нимиц во посета на Македонија.

Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје на разговори со македонскиот државен врв за можностите за решавање на спорот за името.

Нимиц, како што соопшти прес-службата на ОН, доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада со цел да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на ОН за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.

Во соопштението се додава дека на покана на Владата на Република Грција, предвидено е Нимиц да замине за Атина.

Во интервјуто за емисијата „360 степени“ на телевизија АлсатМ, во пресрет на посетата Нимицрече дека во Скопје има нова влада, со нови идеи за ова прашање и тој се надева дека се враќа вниманието врз овој многу важен проблем. Тој, како што вели, ќе ги посети земјите за да ја тестира подготвеноста за сериозен напредок, но овојпат не носи нов предлог за решение на спорот околу името. Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција, последен пат ги посети двете земји на крајот на јули 2014 година.

XS
SM
MD
LG