Достапни линкови

Многу топло време, попладне врнежи


Температури над 40 степни во Скопје

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе настапи нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Дневната темепратура ќе се движи од 31 до 40 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје дневната темепратура ќе достигне до 35 степени.

Во понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. Ќе дувазасилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на максималната температура, која во понеделник ќе биде најниска и ќе се движи во интервал од 21 до 29 степени.

Од вторник ќе има стабилизирање на времето со постепено покачување на температурата.

XS
SM
MD
LG