Достапни линкови

Путин и кралот на Бахреин разговарале за Катар


Архивска фотографија - Кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал-Калифа, (лево) и рускиот претседател Владимир Путин.

Pускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал за спорот меѓу Катар и неколку други арапски држави со кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал-Калифа, соопшти Кремљ. Во соопштението се наведува дека Путин ја нагласил потребата за директен дијалог меѓу сите засегнати страни во спорот. Разговорот бил на барање на Бахреин.

Минатиот месец Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа врските со Катар поради, како што обвинија поддршката што ја дава Катар на исламистички екстремисти и Иран. Катар ги негира обвинувањата.

XS
SM
MD
LG