Достапни линкови

Новата српска Влада нема да воведува санкции против Русија


Новиот премиер на Србија, Ана Брнабиќ.

Новиот премиер на Србија, Ана Брнабиќ во интервју за руските медиуми изјави дека нејзината Влада нема да воведува санкции против Русија и дека во својот натамошен развој Србија ќе се потпира на руските знаења и дека наскоро очекува решение за српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш.

„Јасно кажав дека тоа ќе биде влада на континуитет и нема да воведуваме санкции против Русија. Ќе се обидеме да водиме избалансирана надворешна политика. ЕУ беше и останува наш стратегиски приоритет заради самите нас. Во овој момент санкции против Русија не се во интерес за Србија, рече Брнабиќ.

XS
SM
MD
LG