Достапни линкови

Ји: Најтемен момент на Балканот беше 27 април во Собранието на Македонија


Министерот за надворешни работи Никола Димитров на форумот во Дубровник се сретна со американскиот дипломат Хојт Брајан Ји.

Министерот за надворешни работни Никола Димитров на форумот „Јадранско-медитеранската соработка и безбедноста во Југоисточна Европа“ во Дубровник денеска имаше билатерална средба со американскиот дипломат Хојт Брајан Ји. На средбата била потенцирана поддршката на САД за евроатлантските интеграции на Македонија, соопшти МНР.

Ји, кој беше меѓу панелистите на форумот, стои во соопштението, потенцирал дека најтемниот момент на Балканот годинава беше 27 април во Собранието на Република Македонија, а најдобрата вест во целиот регион формирањето на новата реформска влада.

На панел дискусијата посветена на мирот, безбедноста и стабилноста министерот Димитров истакнал дека Балканот мора да порасне и тоа брзо, пред младата генерација целосно да крене раце и да оди самата во Европа.

XS
SM
MD
LG