Достапни линкови

Дедо го убил внукот, ги ранил сопругата и ќерката, па се самоубил


Осумдесет и четиригодишен скопјанец денеска напладне го убил својот 32 годишен внук и ги ранил сопругата и ќерката, по што се самоубил, потврди Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од полицијата, денеска околу 12:40 часот е пријавено дека во населбата Бутел во Скопје, човек со пиштол пукал кон своето семество, а од истрелите починал внукот, потоа човекот што пукал се самоубил. Двете жени со Итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар и се во животна опасност. Полицијата врши увид и се работи на расчистување на околностите.

XS
SM
MD
LG