Достапни линкови

Повредени тројца работници при пад од скеле


Илустрација

Тројца работници вчера се повредени при пад од скеле високо 5-6 метри, кај клучката во село.

Од МВР денеска соопштија дека во 9:30 часот во ГОБ „8-ми Септември“ биле донесени повредени лицата: Б.С. (34) од село Табановце, кумановско, С.В. (48) од село Биљановце, кумановско и З.К. (45) од село Чашка, велешко, вработени како работници во фирмата „Синтек-Инжинеринг“ од Скопје. Повредените кои околу 8 часот на автопатот Скопје-Куманово, поточно кај клучката во село Миладиновци, додека биле качени на монтажно скеле на висина од околу 5-6 метри и изведувале градежни работи, паднале откако една од жабките од скелето се откачила.

Од падот Б.С се здобил со тешки телесни повреди, фрактура на пршлен од рбетен столб и повеќе рани на главата и лицето, додека со телесни повреди се здобиле С.В. рани на темето на главата и набиеници по целото тело и З.К. со набиеница под десното колено и набиеница на карлицата. По укажаната лекарска помош З.К. бил пуштен на домашно лекување, а Б.С. и С.В. се задржани на понатамошно лекување.

XS
SM
MD
LG