Достапни линкови

Украина ја обвинува Русија за кибер нападите


Украинската државна служба за безбедност ги обвини руските безбедносни служби дека стојат зад неодамнешните кибер напади во Украина. Од Украинската служба денеска соопштија дека нападот кој започна на 27 јуни имал за цел уништување на податоци и ширење на паника. Украинските власти додаваат дека зад нападот стојат истите хакери кои ја нападнаа украинската електрична мрежа во декември 2016 година, што според нив сведочи за вклученоста на специјалните служби на Руската Федерација во овој напад.

Властите во Русија ги отфлија таквите обвинувања.

Во вчерашното соопштение на Украинската служба за безбедност се наведува дека заплениле опрема, која припаѓала на руски агенти, кои требало да започнат кибер напади против Украина и против други земји.

XS
SM
MD
LG