Достапни линкови

Во Стразбур комеморација за Кол


.

Светски лидери присуствуваа на комеморацијата за поранешниот канцелар на Германија, Хелмут Кол, во Европскиот парламент во Стразбур. Кол се смета за главниот архитект за обединувањето на Европа.

Тој почина на 16-ти јуни на 87-годишна возраст. Тој е првиот за кого ЕУ организира комеморација. На неговиот ковчег е знамето на ЕУ.

За време на неговиот 16-годишен мандат како германски лидер, од 1982 до 1998 година, Кол беше главна движечка сила за европска интеграција.

„Хелмут Кол беше вистински Европјанин и пријател, Европа му должи многу“, рече претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, единствениот актуелен лидер во Европа, кој работел заедно со Кол.

На церемонијата присуствуваа и лидерите на Германија и на Франција Ангела Меркел и Емануел Макрон, како и рускиот премиер Дмитриј Медведев, поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешниот шпански претседател Фелипе Гонзалес.

На комеморацијата присуствува и вицепремиерот за економски прашања и за координација со економски ресори Кочо Анѓушев, заедно со делегација на Владата на Република Македонија.

Кол ќе биде погребан во германскиот град Спејер подоцна во текот на денот.

XS
SM
MD
LG