Достапни линкови

Кина нема да толерира подривање на авторитетот во Хонг Конг


Протести во Хонг Конг.

Кина нема да толерират оспорување на нивната власт во Хонг Конг, му пренесе кинескиот претседател Си Џинпинг на новиот лидер на Хонг Конг Кери Лам. Денеска се одбележува 20 годишнината откако Британија ја предаде власта над Хонг Конг на Кина.

„Секој обид да се загрози суверенитетот и безбедноста на Кина, да се оспори моќта на централната влада ... или да се користи Хонг Конг за спроведување инфилтрациони и саботирачки активности против останатиот дел на Кина е чин кој ја преминува црвената линија и е апсолутно недозволен“, рече кинескиот претседател.

Додека се одбележува годишнината илјадници демонстранти се приклучија на митингот организиран од продемократска коалиција во Хонг Конг. Демонстрантите носат плакати со кои се осудуваат властите во Хонг Конг и во Пекинг. Протестот го обезбедуваат илјадници полицајци.

XS
SM
MD
LG