Достапни линкови

Во воздушни напади во Авганистан загинале најмалку 13 милитанти


Архивска фотографија - Авганистански безбедносни сили се подготвуваат за борба со талибанци.

Најмалку 13 милитанти, меѓу кои и пет борци на Исламската држава (ИД), се убиени во воздушните напади во Авганиста, во изминатите 24 часа, соопштија авганистанските власти. Денеска Министерството за внатрешни работи соопшти дека имало напади во неколку провинции, откако ги засилиле операциите против тероризмот и против антивладините групи.

Во меѓувреме, седум цивили, вклучително и жени и деца, биле убиени кога нивното возило нагазило бомба поставена на пат во источната провинција Нангархар, објави локалната влада.

Импровизирани експлозивни направи, кои милитантите ги поставуваат на патиштата, се главната причина за цивилните жртви во Авганистан. Милитантите поставуваат бомби за да ги нападнат безбедносните сили, но најчесто жртви се цивили.

XS
SM
MD
LG