Достапни линкови

Последно намалување на цените на роаминг со балканските земји


Корисниците на мобилните оператори од Македонија од денеска ќе плаќаат за 20 проценти поевтин мобилен роаминг од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

За една минута разговор во роаминг ќе се наплаќаат по 11,6 денари, за СМС порака 3,7 денари, а за мегабајт-интернет 12,3 денари.

Ова е трето и последно намалување на цената на мобилниот роаминг предвидено со договорот од септември 2015 година склучен помеѓу четирите држави од регионот.

Договорот беше постигнат со цел да поевтинат роаминг услугите во регионот коишто се значително повисоки со цените во државите од Европската унија.

XS
SM
MD
LG