Достапни линкови

Џафери се сретна со претседателот на ЗНМ и експертот Ван Хојте


Претседателот на Собранието Талат Џафери.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани и европскиот експерт Питер Ван Хојте денеска се сретнаа со претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери со кого разговараа за идните приоритетни реформи во медиумите, но и за важната улога на Собранието во нивното спроведување, соопшти ЗНМ.

Ван Хојте истакнал дека за да може Собранието да ја следи динамиката на реформите треба да се зајакнат неговите капацитети во делот на организирање на расправите на работните тела и усвојувањето на медиумските закони.

Претседателот на ЗНМ Селмани смета дека Собранието има важна улога и одговорност во обезбедувањето на слободата на говор во земјата и оти еднаш годишно треба да организира дебата, а побарал и да се подобрат условите за работа на дописниците во Собрание и да се подобри комуникацијата со нив преку организирање редовни брифинзи и прес-конференции.

Претседателот на Собранието Џафери изразил подготвеност да соработува со ЗНМ и другите граѓански организации заинтересирани да учествуваат во комисиските расправи за поедини закони и ветил дека ќе направи се да ги подобри условите за работа на новинарите во Собранието и дека ќе ја подобри комуникацијата со нив.

XS
SM
MD
LG