Достапни линкови

Иванов - Земјите од регионот да ја вратат меѓусебната доверба


Претсеедателот на Македонија Ѓорге Иванов. 30.06.2017

Ако Европската унија, која е единствена и највлијателна мобилизирачка и трансфотмирачка сила, не ни ја направи иднината опплива и релна немам дилема дека ќе се враќаме во минатото и работите ќе се влошуваат, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа кој се одржува во Дубровник.

Иванов истакна дека паралелно со овој процес треба да биде и процесот на градење доверба, солидарност, соработнка и поддршка. Тој посочи дека случајот со евроинтегративниот процес на Македонија како типичен пример за досегашен погрешен и штетен пристап и побара поголема меѓусебна поддршка за побрза интеграција во ЕУ и НАТО, а потенцираше дека земјите од регионот мора да ја вратат меѓусебната доверба


XS
SM
MD
LG