Достапни линкови

Гутереш се приклучува на преговорите за Кипар


Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш се приклучува на разговорите на високо ниво за обединување на Кипар, со надеж дека може да помогне во надминување на разликите. Преговорите кои почнаа пред два дена во швајцарското одморалиште Кран Монтана досега не донесоа реален напредок по клучното прашање за безбедноста на островот.

Гутереш ќе разговара со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, како и со високи претставници и дипломати од т.н. земји гаранти - Грција, Турција и Велика Британија.

XS
SM
MD
LG