Достапни линкови

Средба на Заев со Бартол за поддршка на членството во НАТО


Премиерот Зоран Заев.

Шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија, Горазд Бартол на денешната средба со премиерот Зоран Заев истакнал дека правецот по којшто се движи Македонија е добар и отвора перспективи за граѓаните и за евро-атлантските апсирации на земјата.

Заев, како соопшти владината прес-служба, изразил уверување дека активниот реформски процес што го иницира Владата ќе биде сигнал за Европа и за НАТО дека граѓаните и Македонија заслужуваат да бидат дел од двете најголеми меѓународни демократски организации. Тој изразил очекување дека по Црна Гора, Македонија ќе биде следната земја членка на НАТО, за што, како што е наведено, добил поддршка од Бартол.

XS
SM
MD
LG