Достапни линкови

Сарин бил употребен во Сирија покажа истрагата


Жртва на хемиски напад во Сирија.

Организацијата за забрана на хемиски оружја со седиште во Хаг соопшти дека нивната мисија за утврдување на фактите потврдила оти забранетиот нервен гас Сарин бил користен во северна Сирија во април, годинава. Директорот на организацијата, Ахмет Узумку изјави дека извршителите на тој ужасен напад во покраината Идлиб мора да сносат одговорност.

Според соопштението, истрагата покажала дека по извршените интервјуа на сведоците и испитувањето на примероците луѓето биле изложени на сарин. Панел на ОН сега ќе се обиде да утврди кој е одговорен за инцидентот при кој загинаа над 90 луѓе.

XS
SM
MD
LG