Достапни линкови

Пожар во близина на Чернобил


Влезот во озрачената зона околу Чернобил.

Украинските пожарникари се борат со огнената стихија која изби во шума која се наоѓа во внатрешноста на озрачена зона околу нуклеарната централа Чернобил, соопштија властите. Пожарот избил вчера за време на сечењето дрвја во шумата и денеска се проширил на околу 25 хектари земја. Повеќе од 100 пожарникари и голем број на камиони и авиони се вклучени во акцијата. Во 2015 во пожар во реонот беа уништени 400 хектари на шума.

XS
SM
MD
LG