Достапни линкови

Германските законодавци ги одобрија геј браковите


Гласањето за легализација на истополовиот брак во германскиот Бундестаг.

Германските законодавци го легализираа истополовиот брак по неколку денови откако германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли нејзината позиција да не се гласа за прашањето во Бундестагот. Законодавците од Долниот дом на Парламентот со 393 гласа „за“, а 226 „против“ за мерката со кој освен што може да стапат во брак на истополовите сопружници им се овозможува и да посвојуваат деца.

Меркел донесе одлука да се гласа за реформата на 26 јуни, при што на замениците во нејзината Конзервативна партија им порача да ја следат нивната совест. Меркел гласаше против, бидејќи, како што истакна, бракот во германскиот закон е дефиниран како заедница меѓу маж и жена.

XS
SM
MD
LG