Достапни линкови

Мерките за забрана за влез во САД стапија на сила


Американскиот претседател Доналд Трамп.

Новите мерки за забрана за влез на државјаните на шест доминантно муслимански земји стапија на сила во САД. Врз основа на привремените правила жителите на Сирија, Судан, Сомалија, Либија, Иран и Јемен кои веќе имаат визи ќе им се дозволи влез во САД. Но оние кои ќе сакаат понатаму да аплицираат за виза ќе треба да докажат блиски семејни врски со жители на САД или формални врски со некоја американска организација.

Новите мерки воспоставени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп не ги сочинуваат одредбите кои предизвикаа протести и хаос на аеродромите низ светот во јануари, кога за прв пат беше објавена забраната.

XS
SM
MD
LG