Достапни линкови

Силите поддржани од САД ја држат ИД под опсада во Рака


Сириски демократски сили, Рака, 28.06.2017.

Силите поддржани од САД целосно го опколија Рака, самопрогласениот главен град на екстремистичката група Исламска држава во Сирија, јави Сириската опсерваторија за човекови права. Сириските демократски сили, односно арапско курдскиот сојуз, вчера го затвориле и последниот излез од каде што би можело да избегаат милитантите на ИД. Ова се случува во момент кога ирачките сили соопштија дека ја освоиле познатата Голема џамија во Мосул, градот кој е последно упориште на ИД во Ирак. Тоа, според ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, претставува крај на „лажната екстремистичка држава“.

XS
SM
MD
LG