Достапни линкови

Словенија ја поздрави одлуката за Пиранскиот Залив


Словенечкиот премиер Миро Церар

Словенечкиот премиер Миро Церар го поздрави „историскиот момент" на одлуката на Постојаниот арбитражен суд да и одобри на неговата земја независен пристап до меѓународните води во Пиранскиот Залив за сметка на Хрватска. „Пресудата на арбитражниот суд е конечна и задолжителна за двете страни, Словенија и Хрватска. Оваа одлука е историски момент за Словенија“, рече Церар на прес-конференција во Љубљана. Загреб одбива да ја испочитува одлуката на Постојаниот арбитражен суд и да и овозможи на Словенија пристап до меѓународните води, предупреди денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Одлуката на судот во Хаг во спорот за Пиранскиот залив „во никој случај не не обврзува", изјави Пленковиќ. Тој додаде дека неговата влада нема намера да ја имплементира одлуката.

XS
SM
MD
LG