Достапни линкови

Хаваи против забраната за патување во САД


Американскиот Врховен суд

Американската сојузна држава Хаваи го оспори спроведувањето на одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за забрана на влез во САД на патници од седум главно муслимански земји. Ова се случи само неколку минути пред наредбата да стапи во сила на 29 јуни. Американскиот Врховен суд оваа недела ги исклучи од забраната луѓето кои ќе докажат дека имаат врски со американски државјани или некоја американска организација. Но, Стејт департментот издаде правила во кои се наведува дека само блиски роднини на американски државјани се исклучени од забраната.

XS
SM
MD
LG