Достапни линкови

Ана Брнабиќ избрана за претседател на српската Влада


Ана Брнабиќ, нов премиер на Србија

Ана Брнабиќ е избрана за нов премиер на Србија со 157 гласови „за“ и 55 „против“. Нејзиниот кабинет ќе има 21 министер, а премиерката и министрите синоќа положија свечена заклетва. На гласањето немаше воздржани, а 38 пратеници беа отсутни. Брнабиќ, во својство на мандатар го изложи експозето пред пратениците, при што порача дека економскиот развој, дигитализацијата и образованието ќе бидат клучни приоритети на новата влада. Од претходниот кабинет, Владата која ќе ја предводи Брнабиќ ќе се разликува само по тоа што ќе има два ресора повеќе, и тоа за животна средина и за иновации.

XS
SM
MD
LG