Достапни линкови

Габриел се надева на средба на Путин и Трамп на самитот на Г20


Русија-рускиот претседател Владимир Путин и германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел,29.06.2017

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел рече дека неговата земја се надева дека ќе ги донесе рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп на престојниот состанок на Групата 20 (Г 20) кој ќе се одржи во Хамбург, јавуваат руските медиуми. За време на посетата на Москва денеска, Габриел му рекол на Путин дека се надева оти ќе имаат можност да ги спојат него и американскиот претседател за време на самитот што треба да се одржи на 7 и 8 јули.
Како што јавува руската државна агенција Итар тасс, германскиот министер на состанокот со Путин во Кремљ, рекол дека Берлин очекува на самиот на Г20 да биде постигнат договор за прашањата поврзани со климатските промени. Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека целите предвидени во климатскиот договор од Париз ќе бидат една од централните теми на состанокот. Трамп ги повлече САД од договорот на 1 јуни и рече дека сака да преговара за фер договор за неговата земја.

XS
SM
MD
LG