Достапни линкови

Предметите на СЈО распределени кај судии


Илустрација-Основен суд Скопје 1

Основниот суд Скопје 1 попладнево информираше дека сите предмети од Специјалното јавно обвинителство се примени во судот.

„Предметите под називот „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“ преку автоматска распределба се доделени во работа за оценка на обвинителен акт кај судијата Моника Бахчовановска“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на судот.

Во него пишува и дека предметите кои се во надлежност на Одделението за организиран криминал исто така преку автоматска распределба се доделени кај судии.

Лидија Петровска ќе го води предметот „Тарифа“, судијата Горан Бошевски предметите „Трезор “ и „ Тенк“, судијата Верка Петковска предметот „Титаник-2“, судијата Ленка Давитковска предметот „Топлик“, судијата Ивица Стефановски предметот „Тендери“ и судијата Татјана Михајлова предметите „ТНТ“ и „Траекторија“.

По барањата за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор ќе одлучуваат судиите од кривичните совети во текот на денешниот и утрешниот ден, најавуваат од Основниот суд.


XS
SM
MD
LG