Достапни линкови

Изгласана доверба на новата романска влада


Архивска фотографија-новиот премиер на Романија Михаи Тудосе

Романската нова влада предводена од социјалдемократскиот премиер Михаи Тудосе ја доби довербата во парламентот. Владејачките левичари заедно со нивниот помал партнер АЛДЕ имаат десет места повеќе од потребните за мнозинство во парламентот. Нивниот кабинет, исто така, доби поддршка од партијата на Унгарците на денешното гласање на доверба.

Тудосе, кој беше министер за економија во претходниот владин состав, го доби мандатот од претседателот Клаус Јоханис на 26 месецов. До ова дојде откако Социјалдемократската партија на 21 јуни изгласа недоверба на владата на премиерот Сорин Гриндеану, кој е од истата партија.

Тој беше на позицијата од јануари, но владејачката партија му изгласа недоверба откако рече дека не успеал да ја спроведе партиската политичка агенда. Гриндеану обвини дека моќниот лидер на социјалдемократите Ливиу Дрангеа притискал да му се изгласа недоверба за да може да го замени со лојален партиски член.

XS
SM
MD
LG