Достапни линкови

Пет лица се осудени за убиството на Немцов


Русија-дел од обвинентите за убиството на Борис Немцов во судот

Пет лица се осудени за убиството во 2015 година на поранешниот заменик руски премиер и опозициски политичар Борис Немцов. Поротата во московскиот воен суд денеска ја донесе пресудата, по два дена размислување. Поротата не беше едногласна, но мнозинството гласаше за пресудата.

Петмината осудени- Заур Дадајев, Анзор Губашев, Шагит Губашев, Камзат Бакајев и Тамерлаин Ешкерканов сите од северно кавказката република Чеченија се осудени за извршување на убиството. Шестиот осомничен, поранешниот воен возач Руслан Мукудинов, е обвинет во отсуство за организирање на убиството. Сите пет осомничени се изјаснија за невини, позиции што ги повторија и во завршните излагања на 21 јуни. Дадајев, поранешен офицер во чеченските безбедносни сили, е обвинет дека ги извршил фаталните пукања.

Нeмцов, кој беше гласен критичар на рускиот претседател Владимир Путин и на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е близок до Кремљ, беше убиен на мост во Москва на 28 февруари 2015 година. Судскиот процес почна во октомври 2016 година.

XS
SM
MD
LG