Достапни линкови

Десет жртви во несреќа на жичарница во Пакистан


Илустрација

Десет лица загинаа, а двајца се повредени кога кабина на жичарница во која се превезувале паднала во провалија во планинско одмаралиште во Пакистан. Локалните власти соопштија дека најверојатно каблите на кабината не биле соодветно одржувани, а несреќата се случила во одмаралиштето Мури, кое се наоѓа на 30 километри од Исламабад. Полицијата соопшти дека е во тек истрагата за несреќата. Мури е еден од најпопуларните туристички центри во Пакистан.

XS
SM
MD
LG