Достапни линкови

Одложена седницата по жалбите за „Монструм“


Влезот во зградата на Врховен суд на Република Македонија.

Врховниот суд денеска повторно ја одложи јавна седница на која требаше да ги разгледува жалбите на шестемина осудени во случајот „Монструм. Тие беа осудени на доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Врховниот суд соопшти дека седницата се одложила по барање на бранителот адвокат Асмир Алиспаиќ, во кое навел дека ќе биде отсутен од Македонија во периодот од 28 јуни до 10 јули и за доказ приложил резервација на авионски лет.

Седницата е презакажана за 12 септември. СЈО неодамна соопшти дека води предистражна постапка за случајот, а судот донесе одлука ги прифати доказите на обвинителството. Јавната седница претходно беше два пати одложувана.

XS
SM
MD
LG